Тимот на Ливерпул забележа втор последователен пораз во летните контролни на тимот.
По поразот со 2:3 од Борусија (Дортмунд), вчеравечер пулените на Јурген Клоп дозволија нов пораз од Севиља со 1:2. Натпреварот се одигра во Фенвеј Парк во Бостон, САД.
Друг интересен факт е дека Шпанците успеаја да триумфираат со фудбалер помалку на теренот откако Јорис Нијанон беше избркан во 76-тата минута. Нолито (37) и Алехандро Поцо постигна голови за Андалузијците, а Дивок Ориги (44) реализираше за англискиот гигант.
Тоа беше четврти последователен успех за Севиља во контролните, а следниот натпревар го играат против Хофенхајм на 3-ти август. Ливерпул пак се соочува со Спортинг (Лисабон) на 25-ти јули.