Украина е новиот светски шампион во крапски риболов, откако го освои првото место на 26. Светско првенство во крапски риболов за нации – „Маврово 2026“, кое изминатите денови се одржа на Мавровското Езеро.

Второто место го освои репрезентацијата на Унгарија, додека бронзениот медал ѝ припадна на Литванија.

На шампионатот беа уловени вкупно 1.428 риби, со вкупна тежина од 3.794,715 килограми, што дополнително ја потврдува динамиката и конкуренцијата на натпреварувањето.

World Carp Championship Mavrovo 2026

На 26. Светско првенство учествуваа 33 национални селекции, кои во текот на натпреварувањето се бореа за престижната светска титула.


Организаторите упатија честитки до медалистите, но и до сите учесници за спортскиот дух и придонесот кон успешното одржување на шампионатот.

Katran Fishing Line

Посебна благодарност е упатена и до судиите, официјалните лица, волонтерите и сите кои беа дел од организацијата на „Маврово 2026“.

Katran Fishing Line

Со освојувањето на златниот медал, репрезентацијата на Украина ја понесе титулата светски шампион во крапски риболов за 2026 година.

World Carp Championship Mavrovo 2026
World Carp Championship Mavrovo 2026
World Carp Championship Mavrovo 2026