Кина се бори со најголемата епидемија на делта сојот на коронавирусот во градот Далиан, каде што бројот на инфекции се зголемува побрзо од националниот просек.
Во Кина вчера се регистрирани 32 нови случаја на внатрешно ширење, од кои повеќето во североисточниот дел на Далиан. Заклучно со 17 октомври во земјата се регистрирани 1.308 нови случаи на делта варијантата, што е повеќе од 1.280 случаи со овој вид откриени во текот на летото.
Властите во соседните градови на Далиан, вклучително и Дандонг, Аншан и Шенјанг, соопштија дека оние жители кои пристигнуваат од Далиан ќе бидат во 14-дневен карантин.