Велика Британија и испрати на Украина неколку крстосувачки ракети со долг дострел „Сторм Шедоу“, објави денеска Cи-Ен-Ен, повикувајќи се на неколку високи западни официјални претставници.
Британското Министерство за одбрана не сакаше да ја коментира веста.
Група европски земји предводени од Британија минатата недела побараа од производителите да кажат дали се заинтересирани за снабдување на Украина со ракети со дострел од 300 километри, но Британија во вторникот објави дека сè уште не е донесена конечна одлука за испраќање на оружјето.
Велика Британија во јануари објави дека ќе испрати 14 тенкови Челинџер во Украина, поттикнувајќи ги САД, Германија и други земји да испратат тенкови во Киев.