Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги изрази оптимизам пред финалето на Лигата на Европа против италијански Интер.

Лопетеги го пофали противникот, но рече дека целта на неговиот тим е да се врати во Шпанија со трофејот.

– Интер има добро избалансиран тим. Тие можат да напаѓаат на различни начини и да бидат добри во одбраната, давајќи им на противниците само малку шанси. Ние ќе му пристапиме на овој меч како и секој друг. Излегуваме со почит кон противникот, но целта ни е да ја освоиме Лигата на Европа. За да го постигнеме тоа, ние мора да бидеме смирени и да ја задржиме ладнокрвноста, рече Лопетеги.

Финалето се игра вечерва во Келн со почеток од 21 часот.