Бугарин тепал Бугарин во обид. Ново светло врз случајот со нападот на охриѓанецот Христијан Пендиков. Пратникот од бугарската партија „Продолжуваме со промените“ и поранешен министер за иновации, Даниел Лорер, во телевизиско интервју, за претепаниот секретар на клубот „Цар Борис Трети“ вели дека не е бугарски државјанин. Додека пак еден од напаѓачите, е.

„Господинот кој што беше нападнат во Македонија не е бугарски граѓанин. Бугарија треба да ги заштитува своите граѓани. Тој е македонски граѓанин кој што се опшува како човек со бугарска самосвест. Меѓутоа, еден од тие кои го нападнаа е бугарски граѓанин. Зошто не зборуваме за него? Затоа што тој има бугарско државјанство“, изјави бугарскиот пратник.

Лорер вели дека овие факти се кријат од јавноста. Смета оти македонските власти избрзале и побара да се остави простор на македонските инситуции да утврдат дали станува збор за омраза или не.

По неговото интервју зовреа социјалните мрежи во Бугарија. Многумина го етикетираат, велејќи дека тој бил Евреин и затоа работел против интересите на Бугарија. За неговите изјави се огласија и од тамошната партија СДС, коалицискиот партнер на Бојко Борисов, од каде велат дека зборовите на Лорер билна силна шлаканица за Бугарите во Македонија.

„Се добива чувство дека за него нашите односи со Северна Македонија се апстрактни и институционални. Како луѓето со бугарска самосвест живеат и се справуваат со омразата против нив очигледно не е во парадигмата на поранешниот министер за иновации“, пишува од сооптението на бугарската политичка партија „Сојуз на демократски сили“.

Бугарскиот пратеник додава дека тепачката во Охрид била премногу политизирана во Бугарија. Тој смета дека тензиите мора да се намалат, за да се остави простор да работи дипломатијата.

Според сега веќе повлечениот бугарски амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, охриѓанецот Пендиков аплицирал за бугарски пасош пред нешто помалку од два месеци. Забележително е дека тоа се случило токму во истиот месец кога кај него полицијата пронашла дрога. Тој во моментов се уште се наоѓа во Софија.