Педесет и деветгодишниот К.Т. од Битола вчера е тешко повреден од огнено оружје за време на лов со уште четворица негови пријатели во атарот на село Лисолај, Битолско.

Како што соопшти МВР, во СВР Битола вчера било пријавено дека околу 08:30 часот К.Т., додека бил на лов со неговите пријатели Г.М. (43), Б.П. (65) , Б.В. (58) и З.В. ( 29), сите од Битола, во атарот на село Лисолај, се здобил со повреди од огнено оружје, по што бил пренесен во Медицинскиот центар во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола, а известен е и јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.