Пред малку, неофицијално, дознаваме дека новинарот Миленко Неделковски бил приведен од полицијата на неговиот имот во Градско.

Како Што неофицијално дознава Денешен, новинарот Неделковски бил приведен во врска со негови статуси на Фејсбук, што биле објавувани летоска во време на пожарите во Грција.

Инаку, како што веќе објавивме, пред неколку часа Александар Пандов на својот ФБ профил објави дека полиција е пред домот на Неделковски и дека „не го бара за да го чува, туку за да го апси“.

Според извори на истрагата, Неделковски е приведен поради „промовирање на омраза кон одредена етничка група-Грци“, во статус што летово го објавил на својот профил на социјална мрежа.

Основното јавно обвинителство пред три дена отвори истрага за неговите постови на социјалните мрежи.

ОЈО го товари за „ширење на расизам и ксенофобија, преку компјутерски систем, од чл.394-г став 1 од Кривичниот закон“.