Хрватската ѕвезда на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Дејан Ловрен за само 10 секунди стана вистински хит во Белград, откако дојде со „црвените“ на мегдан на Црвена Звезда во мечот кој денеска попладне од 18.55 часот ќе се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“.

Ѕвездите на Ливерпул во српската престолнина беше дочекани како Битлси, а без оглед што српската јавност не ги сака баш Хрватите, Ловрем за миг ги воодушеви, откако посочи дека имал дочек како да е – Владимир Путин.

„Се чувствувам сигурно. Се чувствувам како да сум Владимир Путин“, рекол Ловрен.

Ливерпул во Белград ќе ја брка третата победа со која би исчекориле „црвените“ кон осминафиналето во „групата на смртта“ во која во вториот меч Наполи го дочекува ПСЖ, кој пред две недели на свој терен се спасуваше од пораз во последните секунди.