Екипите на Интер и на Ајакс не успеаја да се пласираат во плејофот во фудбалската Лига на шампиони, бидејќи синоќа во последното коло од групната фаза не ги победија своите ривали.

Резултати на натпреварите од 6. коло во елитната ЛШ играни синоќа:
Лион – Лајпциг 2:2
Интер – Барселона 1:2
Челзи – Лил 2:1
Борусија Дортмунд – Славија Прага 2:1
Бенфика – Зенит 3:0
Ајакс – Валенсија 0:1
Салцбург – Ливерпул 0:2
Наполи – Генк 4:0.

Учество во плејоф изборија: Ливерпул и Наполи (Е-група), Барселона и Борусија Дортмунд (Ф-група), Лајпциг и Лион (Г-група), Валенсија и Челзи (Х-група).