Вардар во финишот на мечот го скрши Загреб и ги остави отворени шансите за осминафиналето во ЛШ. Благодарение на одличните Талески и Борко Ристовски публиката во Јане Сандански уживаше во победата на црвено-црните со 20:19.
Вардарци имаа предност во речиси целиот меч, навистина не голема од еден до два гола. Загреб се доближи и израмни дури на средината на второто полувреме. Гол за гол се играше до крајот на мечот.
Екипата на поранешниот македонски селектор се покажа како многу цврста, посебно во зоната на одбраната.