Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по синоќешното реми со Виљареал (1:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, истакна дека верува во својот тим.

– Нашиот пресинг во вториот дел малку недостасуваше и Виљареал не натера да платиме за тоа. Иронијата е што го пропуштивме моментот кога се чинеше дека удобно ја контролираме играта. Потоа имавме тешкотии кога се изморивме. Примениот гол беше едноставно неверојатен во смисла што ни Виљареал не можеше да поверува каков подарок му подаривме. Ништо не е решено, но имам доверба во мојот тим, бидејќи голем број важни играчи ќе се вратат во нашиот систем. Фудбалерите на Виљареал се искусни и технички. Секако, сакавме да победиме со 3:0, но не е лесно тоа да се направи овде, верувајте, потенцира Алегри.

Реваншот ќе се одржи во Торино на 16 март.