Има многу прогресивни сили коишто сакаат да одат напред и затоа сум оптимистка дека може да поминат уставните измени, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик-претседател на СДСМ во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Таа, како што вели, очекува пратениците кои мислат добро за државата дека ќе гласаат за тие уставни измени.

– Во ова парламентарно мнозинство бидејќи секој пратеник ги претставува граѓаните и неговите гласачи и тие во него гледаат иднина, гледаат проекти, гледаат во него стандард за оваа држава, така што сметам дека има многу прогресивни сили коишто сакаат да одат напред и затоа сум оптимистка дека може да поминат уставните измени, вели Лукаревска.

Таа додава дека очекува оти „секој оној што размислува ЕУ-перспективно, кој што размислува добро за државата ќе гласа за тие уставни измени“.

Како што е познато, уставните измени се прават за да влезат Бугарите во Уставот на Македонија, како услов за продолжување на патот кон ЕУ.