Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како што вети вчера, денеска ги посети Македонците од регионот Голо Брдо во Албанија.

– Со албанските институции имаме одличнa соработка, рече Османи и им се заблагодари за поддршката на македонското национално малцинство во Албанија.

Османи реле дека и Македонија обезбедува поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија, преку конкретни проекти и соработка.

– Потребни се дополнителни заеднички напори со Албанија за промена на режимот на работа на граничниот премин Џепиште-Требиште со што би се подобрила економската и трговска соработка во овој крај, како и слободата на движење на локалното население од двете страни на границата. Ова прашање беше покренато како едно од клучните прашања од интерес на македонското население во областа Голо Брдо, вели Османи.

Овој граничен премин беше отворен во 2013 година и работи само преку ден. Македонците од Албанија бараат тој да работи 24 часа.