Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ја предупреди Москва дека би можела да загуби сојузник ако не понуди компензација за зголемувањето на цената на руската нафтата.
Спорот за нафтата помеѓу Москва и Минск ги наруши блиските односи помеѓу двете соседни држави сојузници.
– Руското одбивање за надомест би можело да доведе до загуба на еден сојузник на запад, посочи Лукашенко.
Белорускиот претседател, кој со земјата владее речиси 25 години, се потпира на заемите и евтините енергенси од Русија.
Белорусија извезува евтини производи благодарение на ниската цена на руска нафта, а Минск поради одлуката на Москва да ја зголеми цената на сировата нафта би можела да загуби милијарди долари приход.
Лукашенко побара од белоруските власти да изнајдат алтернативни извори на приходи.