Рекордни количини снег што паднаа вчера и понатаму го загрозуваат секојдневието во делови од Австрија, Германија и Чешка и метеоролози за крајот на неделата најавуваат нови врнежи.

Од викендот досега само во Австрија во несреќи предизвикани од големи количини снег, загинаа седум луѓе.

Метеоролозите во Австрија за денеска најавуваат нови врнежи од снег кои може да достигнат и до половина метар. Најголем степен за опасност од лавини е прогласен во Штаерска и Горна Австрија.

Туристичката заедница регистрира намалени краткорочни букинзи за 50 отсто.

Во ноќта на четврток стотици возачи беа завејани на автопатишта на југ во Германија. Во близина на Минхен е прогласена состојба на природна катастрофа. Во округот Берхетсгарден неколку места се отсечени од светот. Во градот Чемниц градските власти прекинаа до следна наредба погреби на локалните гробишта поради големи количини снег.

Во делови од Чешка прогласена е вонредна состојба и затворени се гранични премини кон Полска.