Организаторите не се задоволија само со лабораториски испитувања, туку тие експериментираа со луѓе, изјавил постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ Александар Лукашевич на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ за биолошките програми и активности на САД во Украина.

– Мрежата на биолошки лаборатории кои работат под покровителство на Пентагон опфати голем број украински градови. Ова е повеќе од 30 објекти. Како што се испостави, едно од упориштата на оваа мрежа беше Мариупол, кој беше претворен во центар за собирање и сертификација на патогени на колера. Покрај колерата, лабораториите во Мариупол работеле и со исклучително опасни патогени на туларемија и антракс. Немаа време да ликвидираат дел од оваа „збирка“. Од биолошките лаборатории пронајдени во градот се земени 124 патогени соеви, пренесе Руската Амбасада во Скопје.

Организаторите, како што се наведува во објавата на Амбасадата на нивниот официјален профил на Фејсбук, не се задоволија само со лабораториски испитувања, туку експериментираа и со луѓе.