Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна дека гледа само на тоа што е во интерес на неговата земја и на српските граѓани.

На новинарско прашање како го коментира барањето Србија да се усогласи со тој дел од политиката на ЕУ, Вучиќ рече дека има многу барања, но и наши потреби и дека негова работа е да се грижи за Србија, а не за ЕУ.

Запрашан како го коментира усогласувањето со санкциите воведени кон Белорусија поради ЕУ, Вучиќ прецизираше дека Србија делумно се усогласила со тие санкции, но дека тоа е направено уште порано и дека таму нема ништо ново.

– Делумно да, а делумно не. Имаше 25 декларации, со девет се усогласивме, а 16 не, мислам отприлика, но тоа трае веќе една година и нема ништо ново, ништо воопшто, рече Вучиќ.