Во денешната еко акција, која се реализираше во реонот околу ТЦ Лептокарија, учествуваа десетици граѓани, административци и волонтери.

На акцијата се приклучија и градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот, Христо Саракинов, кои заедно со карпошани дадоа свој придонес во чистењето на просторот.

-Заедничките акции се доказ дека кога сме обединети, можеме да направиме конкретна промена во средината во која живееме. Благодарност до сите граѓани, административци и волонтери за поддршката и учеството. Продолжуваме за две недели, на друга локација, велат од општина Карпош.