Општина Ѓорче Петров се приклучи на големата еколошка акција на Град Скопје.

-Заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и колегите градоначалници испративме јасна порака: секој од нас има одговорност за местото во кое живее! Во Ѓорче Петров, со засукани ракави и заеднички сили, покажавме што значи грижа за своето маало, својата улица и својата општина. Особено ме радува учеството на учениците и наставниците од нашите основни училишта. Денеска децата одржаа важна лекција за сите нас – како со личен пример се гради одговорна заедница, вели градоначалникот Александар Стојкоски.

Тој упатии благодарност до сограѓаните, учениците, наставниците, општинската администрација и комуналните работници за вложениот труд.

-Секој собран отпад и секое исчистено катче се придонес за поубаво Ѓорче. Нашите деца заслужуваат чисти училишни дворови, уредни паркови и здрава средина за растење. А ние имаме обврска тоа да им го обезбедиме – со работа, со грижа и со пример, секој ден! Да го чуваме сработеното. Да ја пренесеме оваа навика во секое маало. Да оставиме зад себе чист простор и добар пример, порача Стојкоски.