Воените работи го одвлекле Филип од Пела, неговиот главен град, во 356 година п.н.е.. И додека се наоѓал во еден далечен логор со својата сакана војска, му донеле вест дека во една страшна есенска луња, кога блескале молњи, татнеле громови, а дождот се слевал во порои, Олимпијада донела на свет син, Александар.
Додека била леунка, се кажува, два орла седеле на покривот од одаите на кралицата – предзнак кој се чини навестувал дека еден ден детето ќе владее со две кралства, а имало и други чудни појави кои исто така укажувае на идната величина на новодојденецот.
Речиси во исто време, Филип добил вест дека еден од неговите војсководци, Парменион, страшно ги поразил Илирите во чија земја влегол со својата војска; грчката колонија Потидаја на Халкиди му се потчинала а со тоа тој се здобил со нова приморска територија, а неговиот коњ освоил важна трка во Олимпија.
Трите убави вести, велеле астролозите, кои дошле во исто време со веста за раѓањето на синот, сигурно значеле дека кариеарата на синот ќе биде брилијантна, но набрзо од Мала Азија пристигнале вести во кои се кажувало дека во часот на раѓањето на Александар, големиот храм на Дијана во Ефес го зафатил пожар и изгорел до темел, катастрофа за која сите велеле дека го означува доаѓањето на моќ која ќе биде фатална за Ориентот.
„Денес“, кажувале ефешките свештеници, “во еден дел ан светот постои запален факел кој еден ден ќе го уништи Истокот.“