Иако не живее во САД веќе некое време, туку во Португалија, Мадона продолжува да ја следи традицијата. Целото семејство се собра на Денот на благодарноста.

Мадона и шесте деца го прославија Денот на благодарноста во Малави , земја во Југоисточна Африка. Тоа е местото каде што пејачката ги сретнува своите четири посвоени деца и многу брзо ја донесува одлуката да им даде втора шанса во животот. Често се враќаат таму каде започнува нивната приказна.

На фотографијата ги гледаме двете биолошки деца на Мадона Лудрес и Роко, заедно со четирите посвоени – Дејвид, Мерси, Естер и Стела . Пејачката повеќепати зборуваше за критиките на своја адреса поврзани со посвојувањето на „обоени“ деца.

Денес сепак во Мадона нема ни капка жал за својата постапка и тоа се гледа многу јасно и во пораката, со која ја надополнува сликата на шесте деца.

„Еве за што сум најмногу благодарна. Моите деца ми отвораат врати и посочуваат патишта, по кои сметав дека никогаш нема да тргнам. Славата, богатството и срушените рекорди никогаш не можат да се споредуваат со она што го ценам најмногу.”