Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро продала минатата година 73 тони злато на ОАЕ и на Турција без да почитува правила.

Тоа го тврди пратеникот од венецуелската опозиција Карлос Папарони.

Тој додаде дека од понеделник владата на Мадуро нема да може да префрла пари меѓу сметките во банки во Европската унија.