Нов турски фудбалски клуб што ќе носи амблем на турското претседателство беше официјално регистриран оваа недела. Тоа е прва таква иницијатива, соопшти денеска Турската фудбалска федерација.

Тоа тело издало лиценца за новоформиран клуб вчера и тој ќе игра во локалната лига Анкара – 2.

Името на клубот е Чумхурбасканспор и формиран е по инструкции на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.