Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека клиничките испитувања на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот покажале дека таа е 100 проценти ефикасна.
Мадуро изјави дека не се забележани сериозни компликации по вакцинирањето со „Спутник V“, која е регистрирана во Венецуела.
Потпретседателот на Венецуела, Делси Родригез, во декември минатата година изјави дека е постигнат договор со Русија за снабдување на Венецуела со вакцината „Спутник V“.