Ова е денешната насловна страница на бугарскиот весник „24 часа“, проследена со еден подолг текст во кој се собрани сите информации околу тоа дали Владата на Кирил Петков ќе има доволно мнозинство во бугарското собрание – 121 глас, за да го симне ветото кон Македонија.

Драмата во Бугарија почна да се случува откако Слави Трифонов објави дека неговата партија „Има таков народ“ ја напуштила владината колација со што Петков го загуби мнозинството во парламентот кое се спушти на 109 пратеници.

Потоа следеа обвинувања кон Трифонов дека тој тоа го сторил зашто не му поминале бизнис плановите во Владата, а дека Македонија е само покритие. Премирот Петков изјави дека со тој потег, Трифонов покажал дека е мафијаш.

Во меѓувреме, двајца министри од ИТН изјавија дека нема да поднесат оставки, а од партијата на Трифонов се отцепија и седум пратеници. Трифонов возврати дека тие се поткупени што нам овде во Македонја, по случувањата со промената на македонскиот Устав и улогата на осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ја предадоа Република Македонја, и не ни изгледа чудно.

Доцна вечерва еден од пратениците на ИТН кој го напушти Трифонов, Георги Геориев, изјави дека тоа не го прави за пари, зашто ако сакал така да постапува, тоа ќе го сторел минатата година, кога му биле понудени еден милион евра за да собере пратеници и да формира нова парламентарна група, но тој одбил.

Така, не сакајќи, Георгиев сепак потврди дека во бугарскиот парламент се вртат милиони во евра, што го прави да бидат сличен на нашиот парламент – место на уцени и пазарџиска тезга.

Како и да е, на сите овие настани „24 часа“ им посветува сериозно внимание, а првиот тест според весникот за тоа дали Петков има мнозинство ќе биде утре, кога ќе се обиде во бугарското собрание да собере мнозинство за кревање на ветото кон Северна.

Со оглед на тоа што двете страни се обвинуваат за поткупи, Петков го обвинува Трифонов за мафијаштво, а овој обвинува дека отцепените пратеници се поткупени, веројатно дека Македонија ќе обогати некои бугарски функционери. Засега, не е познато на која групација и припаѓаат тие – на таа на Петков или на таа на Трифонов.

Што се однеува до нас, дури и да биде кренато ветото, тоа нема да значи многу освен во пропагандна смисла, бидејќи условот за почеток на преговорите е да се внесат Бугарите во Уставот како конститутивен народ, а засега тоа не изводливо. Но, кој знае, така велевме и за името, па уцените и милионите завршија работа за Грците. Потоа, откако ќе почнат преговорите, треба да ги исполниме и двата други услови – критериумите на ЕУ и признавње дека имаме бугарски корења.