Анализа на ситуацијата на Косово и притисоците од надвор, забрзување на вакцинацијата, борбата против ораганизираниот криминал и набавка на опрема на безбедоносните агенции и војската беа тема на вчерашната седницата на српскиот Совет за национална бебзбедност, со која председаваше претседателот Александар Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, она што најмногу ја интересираше јавноста беше темата за борбата со организираниот криминал, за која српскиот претседател на прес-конференцијата изјави дека „Србија успеала во последниот период да се пресмета со неколку криминални групи, кои извршиле голем број убиства“.

Одговорот на криминалните групи ќе биде, како што рече, безмилосен и во согласност со законот и моралот.

– Ние кај членовите на оваа најпозната криминална група (Вељко Беливук) што е зад решетки , првпат успеавме да направиме нешто во техничка смисла. Увезувавме уреди што порано не ги користевме. Членовите на криминалната група имаа фотографии и обележани лица на луѓе во МВР и БИА, кои, како што сметаа, им беа прогонувачи. Тоа се оперативци кои се бореа директно против нив и успеале во тоа. Тие ги ризикуваа своите животи, но успеаја, истакна Вучиќ.

На прес-конференцијата беа покажани фотографии, кои ги докажуваат злосторства за кои е осомничена криминална група предводена од Вељко Беливук (Веља Невоља) на кои се гледаат телата на убиените, како и снајперски пушки.

Вучиќ соопшти и дека пред два дена во областа меѓу Шабац и Лозница е запленет досега најголем арсенал на оружје.

Српскиот министер за полиција Александар Вулин на прес-конференцијата изјави дека полицијата го предала материјалот на Обвинителството за организиран криминал за прислушувањето на претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство.

– Нелегално се снимени 1.572 телефонски контакти и како такви биле нотирани без никаква правна основа, без никаква полициска основа, без никаква полициска причина. Транскриптите од разговорите беа симнувани и носени на некои високи функционери на МВР, изјави Вулин.
Тој додаде дека на тој начин грубо биле повредени човековите права на оние кои било обаработувани без причина, но и на претседателот Вучиќ, неговиот син Данило, неговиот брат Андреј и неговиот татко Анѓелко.

Вулин посочи дека системот е грубо нарушен, и дека мотивите на оние што го прислушувале претседателот се уште не се познати.

– Одреден број членови на Министерството за внатрешни работи беа ставени на полиграф и веднаш да ви кажам, сите паднаа, паднаа на најважните прашања што им ги поставивме, изјави Вулин.