Маја ПЛАТНАР

На денешен ден пукна првата пушка…

Не не

На денешен ден се роди организацијата
Да!
Ама се роди и Здраво Живо
…..
12 години од првата направена работилница под името Здраво Живо
12 години љубов

Толку многу љубов никаде немаше

И лудост, мора да успее, оти мене ме оздрави.

Лудост оти овде ќе успее ресторан за жива храна без ништо од животнско потекло и без глутен.

Па секако дека ќе успее. Умен е народот мој Македонски.

Од дома рак победивме.

Имаме работа. Нѐ чекаат многу битки. Време е за славење.

И се случуваа слави

За 12 години 20 бебиња се родија
За 12 години 50 ракови умреа
За 12 години 200 автоимуни се смирија
За 12 години илјадници среќни лица не мотивираа

И нѐ мотивираат

А ние…. минавме се што 12 човечки животи може да минат. Скршени коски, заби, нозе, вртоглавици, спондилози.

Ама се лесно минува.
Оти се сакаме.
Оти сакаме Здраво Живо да е живо.
А денес е поживо од кога и да е
Се гледаме скоро на забава на роденденот на бистрото
ВЕ САКАМЕ!