Во Скопје се роди четворка.

Брачниот пар Благица и Александар Зикови од Штип во текот на вчерашниот ден станаа родители на три момчиња и едно девојче.

Бебињата се родени на Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје со помош на докторката Елена Ели Николовска која ја водела целата бременост.

Тазе мајката во изјава за порталот 4news.mk истакнала дека нејзината докторка била позитивна и со нејзина поддршка успеале да стигнат до 31-та недела од бременоста.

Бебињата се предвремено родени, но се во добра здравствена состојба, а мајката за порталот вели дека е пресреќна бидејќи има вистинско богатство.

Интересно е што оваа четворка е втора по 27 години во Штип. Првата родена четворка била во 1997 година.