Маја Платнар, бистро „Здраво-живо“

„Само животот раѓа живот“ е моето мото, кое секоја недела низ една колумна ќе ви го образложувам. Накусо, ако засадиш варено јаболко в земја шансите да никне ново се нула, а фрлиш ли семки од свежо јаболко, чекај јаболкница да ти намигне.

Во оаа рубрика, од недела во недела ќе ги откриваме тајните и благодетите на живата храна.

Уште веднаш да расчитиме што е жива храна, за што ќе зборуваме овде.

Тоа е храна, генерално од растително потекло, која се приготвува до температура од 46 целзиусови степени или 10 степени над просечната човекова температура. Се приготвува со сецкање, блендирање, цедење, мелење и дехидрирање. За овие процеси понатаму низ колумните, а денес за почеток, ќе одговорам на, според мене, клучното прашање,

Зошто жива храна?

Исхраната со жива храна не е уште една диета за слабеење, иако можеби така сте чуле.

Во  суштина, експертите за жива храна велат дека станува збор за суштински спротивни не/диети и дека станува збор за начин на живот кој едноставно промовира јадење повеќе вистински храна во својата природна состојба. Исхраната со жива храна, едноставно кажано е начин на исхрана со необработени прехранбени продукти, со што ги добивате сите хранливи материи без опасните адитиви.

Дали сте подготвени да учествувате во револуцијата наречена жива храна?

Ајде да разгледаме што тоа значи, кој се може да има корист од тоа и како да го направи тоа.

Целта на јадењето жива храна е да внесете многу хранливи материи на начин кој е едноставен и најбезбеден за варење на храната, оној за кој нашите тела се природно прилагодени. Нема потреба целосно да преминете на жива храна и да се декларирате себеси како веган кој јаде жива храна, но мора да ви стане јасно дека секојдневното внесување на одредена количина сиров зеленчук или овошје е важно за сите.

Постојат записи од околу 1800-тите, од кога се првите студии и приказни кои сведочат за придобивките од жива храна. 

Ќе набројам дел: 

намалени воспалителни процеси

подобрување на варењето на храната

обезбедување на повеќе диетални влакна

подобрување на здравјето на срцето

подобра функција на црниот дроб

превенција на рак

лекување на опстипација

повеќе енергија

чиста кожата

богатство од хранливите материи

одржување здрава телесна тежина

Можеби се прашувате колку жива храна е потребно да јадете за да се сметате себеси за некој кој јаде жива храна. Постојат различни видови на диети со жива храна, што вклучуваат различни совети и степени според кои храната може да се готви.

Во зависност од точниот тип што ќе го изберете, исхраната со жива храна вклучува многу повеќе од само свежи производи. Освен свежо овошје и зеленчук, може да консумирате ферментирана храна, ртени житарки, ореви, семиња, а во одредени случаи месо и сирови млечни производи. 

Она што ги поврзува различните диети со жива храна е тоа што обично ниту една не вклучува храна што е пастеризирана, хомогенизирана или произведена со употреба на синтетички пестициди, хемиски ѓубрива, индустриски растворувачи или хемиски прехранбени адитиви. Ова значи избегнување, или барем во голема мера, намалување на најпопуларните пакувани и преработени производи што се продаваат во самопослуга како леб, конзерви храна, печива, млечни продукти, рафинирани масла и преработено месо.

Преминот од исхраната што моментално јадете на сирова храна може да биде тежок – особено ако во моментов мислите дека “не ви се допаѓа” свежо овошје или зеленчук, што дефинитивно е основа во исхраната со жива храна, но досега се покажало дека и најтврдокорните противници на овошјето и зеленчукот се вљубуваат во свежо приготвен оброк. Ако сте скептични или загрижени дали можете или не можете да толерирате ваков начин на подготвување храна, почнете со мали чекори. Доколку немате здравствен проблем, заради кој мора веднаш да почнете со жива храна, тогаш нема потреба целосно да ја смените вашата исхрана и тоа да го сторите преку ноќ. Всушност, најверојатно ќе создадете поздрави и подолготрајни навики за јадење, но и воопшто, доколку полека ги менувате работите.

Кој се има корист од исхрана со жива храна?

Иако можеби мислите дека е поинаку, варената храна потешко се вари отколку свежата храна. Истовремено, готвената храна има тенденција да ги дестабилизира некои од вредните ензими и да уништи одредени антиоксиданти и витамини. Исхраната со жива храна е единствен начин да го алкализирате телото, да ја намалите киселоста со што се намалува шансата за воспаление / автоимуни реакции. Ова важи за сите нас, но особено за луѓе кои ги имаат следниве проблеми:

рак 

срцева болест

висок крвен притисок и висок холестерол 

остеопороза

болест на бубрезите

жолчни камења или болест на жолчното кесе

Паркинсонова болест

автоимуни нарушувања

алергии на храна

замор

болки во зглобовите

главоболки

ПМС

хормонална нерамнотежа

проблеми со зголемување на телесната тежина/дебелина

Досега придобивките сме ги виделе кај сите од горенаведените состојби.

Скопје е среќен град бидејќи токму тука се наоѓа еден од седумте ресторани во Европа со комплетно мени за термички необработена храна, жива храна.