Ја имав таа привилегија многумина пред мене веќе знаат за ова задоволство, наречено зелен кашест сок или зелено смуди. Кога почнав да јадам жива храна, процес што кај мене се случи нагло, се додека не ги открив сите вкусови и рецепти, зелените сокови беа најприсутни во моите дневни менија. Имаше денови кога јадев, односно пиев само смудија. Оваа комбинација на зелјести растенија со овошја претставуваат се она што на еден човек му треба. Тоа не се обични сокови. Зелените кашести сокови се преполни со енергија, животни минерали и ензими, лековитиот пигмент на хлорофилот и растителни влакна потребни за добро варење. Една чаша зелен сок, од листест зелен зеленчук, е полновреден оброк со 100 отсто искористливост за телото. Енергијата, хранливите состојки и водата, која е неизоставен дел од овие сокови, со леснотија минуваат во крвотокот само после 10 до 15 минути, носејќи му на организмот сила и свежина.
За почеток најважно е да се знае дека зелените смудија се енергетски напитоци број еден.
Три причини зошто секој треба да пие зелено смуди:
1.Зелените листести зеленчуци се пребогати со нутритиенти, потребни за телото. Содржат витамини, минерали и антиоксиданси кои што лесно се апсорбираат. Преполни се со влакна, со што го подобруваат варењето, имаат вода која хидрира, ензими, со кои метаболизмот работи како подмачкан и алкализирани минерали со кои се нормализира пе-ха вредноста.
2.Зелените растенија ни даваат нешто што никој друг не може. Зборувам за хлорофил. Хлорофилот го зајакнува имуниот систем, ги контролира воспалителните процеси, го зголемува бројот на црвени крвни зрнца, и ослободува кислород во телото.
3.Пиејќи смуди, а неџвакајќи салата, заштедувате многу енергија. Ем сте се најале, ем не сте потрошиле воопшто сила.
Сега ќе ги наведам и здравствените придобивки од пиење зелено смуди
- Зелените сокови се многу хранливи.
- Лесно се варат.
- Спротивно од соковите, зелените кашести сокови се комплетна храна бидејќи имаат растителни влакна, кои се потребни за нашиот елиминаторен систем.
- Претставуваат едни од највкусните јадења на светот. Комбинацијата од 60/40 овошје со зеленило, создава одличен баланс помеѓу благото од овошјето и зеленото од зеленчуците. Сите се изненадени од вкусот кога ќе вкусат зелено смуди.
- Молекулата на хлорофилот е многу слична со молекулата на човековата крв. Според одредени студии, конзумирањето хлорофил е слично на вршење транслпантација на крв. Дури и лицата кои јадата жива храна не конзумираат доволно зеленила. Затоа пиејќи 2 до 3 чаши смуди во денот, сите вие би примале доволно количина зелено со што би го хранеле своето тело и би ги примале сите потребни нутритиенти.
- Зелените смудија се едноставни за приготвување. Потребни ви се 5 минути за направите едно смуди, во што го вклучувам и времето за чистење.
- Многу е интересно што децата на сите возрасти ги сакаат овие зелени извори на енергија.
- Кога пиете смуди во голема мера го намалувате внесот на масла и сол.
- Редовното конзумирање зелени смудија создава навика за јадење зелена храна.
- Најдобро е да го пиете своето смуди свежо, но на ладно може да стојат 24 часа.
Најдобриот и наједноставниот начин да конзумирате минерали, ензими и витамини во голема количина е токму преку зелените смудија. Само така може да изедете голема количина на зелени листови. Освен зеленото, кое го јадеме заради хлорофилот, во зелените смудија на Здраво Живо има и голема количина најразлично, сезонско, македонско овошје кое е храна и има доволна количина шеќери, а има и семиња, како лен и коноп, кои го хранат организмот со омега три киселини и растителни протеини.
Зелените смудија се само еден атом различни од крвната плазма,
Во прилог ќе споделам со вас рецепт за основно зелено смуди:
За еден литар сок ви сепотребни 150 грама зелени листови (како спанаќ, блитва, нане, босилек..), 300 грама сезонско овошје и најдобро е да направите избор на 3 овошја, да речеме праска, кајсија, портокал и во ова додавате 2 мали лажички семиња по ваш избор (ние во Здраво Живо најчесто користиме лен и коноп, но може и семки од тиква, чиа…). Во ова ставате литар вода и блендирате се додека не добиете мазна смеса од каде и доаѓа и името на овој сок (smooth-на англиски мазно). Доколку сакате да е благо смудито една од овошките нека биде банана.
И за крај да ја расчистиме македонската дилема, на македонски јазик овој сок се вика смуди со Д. При транскрипција на англискиот збор т и х се претвораат во д, а не во т.
На здравје смуди, кој ќе успее да го смути нека ни каже.