Кошаркарите на Мајами Хит влегоа во серија од три порази, откако ноќеска на домашен терен загубија од Бруклин. Ниту Хасан Вајтсајд со својот дабл-дабл ефект од 21 поен и 23 скока не помогна „жешките“ да триумфираат.

Резултати на четирите натпревари од НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторник и среда:

Орландо – Торонто 91:93
Вашингтон – ЛА Клиперс 125:118
Мајами Бруклин 92:104
Њујорк – Портланд 114:118.