На 05.09.2026 во 09:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје, таа и нејзиниот поранешен сопруг, биле физички нападнати од нивниот малолетен син, кој има здравствени проблеми.

Според пријавата, тој искршил и дел од покуќнината.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.