На 67. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во унгарскиот град Печ, Македонското друштво Илинден од Тирана се претстави со свој штанд.

Македонското друштвото Илинден е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

– Во рамки на активностите на овој значаен собир, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник на македонски јазик Илинден. Искрен да бидам побуди голем интерес кај учесниците, кои го посетија во голем број, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ѓурѓај, кој учествува на Конгресот, додава дека посебно место на штандот бил отстапен за примероците од фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“, што неодамна беше промовиран во Тирана.

Според него и претставниците на другите малцинствата од Европа, на свои штандови се претставиле со свој пропаганден материјал.