Дечки моментално сум во Колумбија и само да ве информирам дека овде, Македонија веќе не постои како држава, пишува на Фејсбук македонскиот граѓанин Никола Божиновски.
– Во хотелот кога пробаа да ме регистрираат на официјалниот сајт на миграционо не можеа да ја најдат Македонија под ниту едно име од сите што ги имаме. Од миграционо ги исконтатирале во Министерството за надворешни овде и им рекле дека од сега Грција е задолжена за македонски пасоши и мора да ме регистрираат како Грк и дека Македонија не постои повеќе во системот. За ова ме известија откако ме регистрирале. Не беше возможно да се смени ниту имав време да исконтактирам со нашата амбасада. Никогаш во животот не сум се чувствувал вака посрамен и понижен, објави на Фејсбук Божиновски.