Мнозинството на пратеници во Собрание дадоа зелено светло за предлог Владата предводена од Христијан Мицкоски. По вечерашното гласање, тој е нов премиер на Македонија, а за време на свечената заклетва во законодавниот дом, тој го изговори уставното име на државата.
Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на земјата.
По изборниот резултат на 8 мај, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ги избра коалицијата ВЛЕН и Движењето ЗНАМ за владини партнери.
Новата влада ќе има 4 министерства повеќе од сегашната. Владата на „Мицкоски“ ќе има 5 вицепремиери, од кои еден прв вицепремиер. ВМРО-ДПМНЕ ќе води со 15 ресори, 6 министерства се на ВЛЕН и 2 на ЗНАМ.
Министрите на ВМРО ДПМНЕ
Владо Мисајловски, министер за одбрана
Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Александар Николовски, министер за транспорт – вицепремиер
Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер
Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии
Сања Божиновска, министер за енергетика
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
Весна Јаневска, министер за образование и наука
Златко Перински, министер за локална самоуправа
Зоран Лутков, министер за култура и туризам
Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
Борко Ристовски, министер за спорт
Лупчо Димовски, вицепремиер за политички систем
Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите
Министрите на коалицијата „Влен“
Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија
Арбен Таравари, министер за здравство
Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади
Фатмир Лимани, министер за економија и труд.
Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење
Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции
Министрите на „Знам“
Игор Филков, министер за правда
Горан Минчев, министер за администрација.