Делегација предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе положат свежо цвеќе по повод 122 години од смртта на Гоце Делчев во Црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Во најавата од Владата се наведува дека положувањето цвеќе ќе биде денеска во 11 часот.