На територијата на целата држава до синоќа беа активни дестина пожари, од кои дел беа локализираани или ставени под копнторла. На терен продолжуваат напроти за справување со огнените стихии во кои се вклучени припадници на противпожарните единици од земјвва и тимови од Австрија, Бугарија, Словенија и Романија, припадници на Армијата и МВР, вработени во шумските стопанства, но и локални жители.
Претседателот Стево Пендаровски обраќајки им се на армиските припадниците вклучени во гаснењето на пожарите во прилепскиот регион порача дека никој нема да им го заборави извонредниот напор што го прават, додека министерката за одбрана Радмила Шекеринска нагласи дека Армијата дава клучна поддршка на сите централни и локални институции во спсрвување со огната стихија. Премиерот Зоран Заев, пак, ја потенцира и улогата на локалните жители, за кои рече дека се меѓу најзаслужните за гаснењето на пожарите.
– Огромна благодарност уште еднаш до Вас и до Вашите семејства. Никој нема да Ви го заборави овој извонреден напор што го правите. Се надевам дека пожарите нема уште долго да траат и ќе можете полека да се враќате на редовната воена служба и на Вашите семејства, им порача претседателот Пендаровски на припадниците на Армијата во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп.
Министерката Шекеринска нагласи дека Армијата дава клучна поддршка на сите централни и локални институции и во прилепскиот регион, каде што веќе неколку дена се активни на повеќе локации.
– Успеаја да ги локализираат и да ги изгасат голем дел од пожарите, но за жал и денеска чув и од нив дека нови жаришта се појавуваат, дел достапни, дел недостапни, истакна вчера Шекеринска при посетата на припадниците на Армијата во касарната во Прилеп, како и војниците кои се ангажирани во справувањето со пожарите во реонот на селото Топлица.
Тие, со неа го споделиле сомнежот дека еден дел од тие пожари се и намерно поставени, посочувајќи дека заради тоа продолжуваат да бидат присутни таму за да не дозволат огнот повторно да се разгори. Шекеринска порача дека Армијата дава и ќе продолжи да дава огромна поддршка во справувањето со пожарите низ целата држава.
Премиерот Заев, пак, осврнувајќи се на пожарите во Делчевско и Беровско, изрази пофалба и голема благодарност до локалните од Митрашинци, Будинарци, Разловци, Мачево и сите други села, за огромната поддршка во гаснењето на пожарите.
– Тие навистина се вистински пожарникари, иако не се професионалци, бидејќи беа заедно на терен со противпожарните служби. Сакам да се заблагодарам и на сите волонтери од Штипскиот, Струмичкиот, Кочанскиот регион од Виница, од Источниот регион кои носат вода некои носат храна, некои лопата в раце и прават се што можат да помогнат и навистина е убаво да се биде солидарен и ред е да изразам солидарност до сите овие граѓани кои дојдоа овде и да бидат од полза во гаснењето на пожарите, рече Заев.
Премиерот упати поддршка и до сите хуманитарци на пунктот каде се дели храна вода и се што е потребно за сите кои ја даваат поддршката за справување со пожарите.
Претседателот на Владата посочи дека температурите се високи и оти се надева оти ветрот ќе намали затоа што тој е предизвикувач на масовноста на опожарувањето на шумите.
Од владејачката СДСМ истакнаа дека деновиве нашите најголеми борци се луѓето кои на терен преземаат натчовечки напори во борбата со бројните пожари и за својата посветеност истите ќе бидат и наградени со соодветни финансиски надоместоци согласно законите и колективните договори.
– Благодарни сме им на пожарникарите, но и на војниците, полицајците, доброволците, институциите и на сите оние кои прават се’ да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик, наведоа од СДСМ, пшосочувајќи дека системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, повторија дека е потребен прекин на одморите и итна седница на Собранието, на која ќе се расправа за кризната состојба со пожарите.
– Се покажа дека не постои систем за заштита. Додека целиот регион праќаше пожарни и ресурси за справување со пожарите, само Заев ја напушти земјата. Потребен е прекин на одморите и итна седница на Собранието на која ќе се расправа за кризната состојба со пожарите, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Помошник-раководителот на ЦУК Марија Милкова вчера попладне информираше дека заседавал Главниот штаб при Центарот за управување со кризи со цел да се договорат активности кои треба да бидат спроведени во текот на денешниот ден. – Ќе се донесат мерки и активности со препораки за утрешното дејствување на ресурсите на локално ниво, додаде вчера Милкова.
Според податоците на Центарот за управување со кризи, до синоќа на територијата на државата беа активни десетина пожари и тоа кај делчевското село Разловци, над пехчевското село Будинарци, кај штипско Драгоево, кај светиниколско Богословец и кај Богословски рид , над скопските села Раовиќ и Буковиќ, близу во Катланово кај Дивље и Крушје, на планината Китка, кај крушевското село Светомитрани, на две локации во прилепско – кај селата Дрен и Смолане и кај Топлица и кај кумановско Романовце. Дел од пожарите се локализирани или се под контрола.
Пожарот во атарот на Делчевско е активен при што се појавиле и нови жаришта. Кај селото Разловци на местото викано „Локалица“, пожарот е локализиран, но екипите се уште се на лице место. Пожарот, пак, во атарот на село Разловци целосно е ставен под контрола. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник над месноста Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци.
Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна. Од силниот ветер пожарот кој беснее во атарот на Будинарци се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Пожарот се шири без контрола, но поради лошиот терен се интервенира само со помалите цистерни.
Штипската противпожарна единица во 12:00 часот, добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на село Драгоево во Општина Штип, каде гори сува трева смрека и нискостеблеста шума. Има сознанија за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе.
Пожарот кај Раовиќ–Буковиќ се движи кон сртот и нема опасност за селата. Гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа. Во 15,45 часот остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето „Јасен“, кој пренел дека пожарот е до сртот. Тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Пожарот е на непристапен терен и гори мешана шума, смрека и висока трева, поради што е побарана помош од воздух.
Кај пожарот во Катлановско, односно близу Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен остана со 1 возило и 2 пожарникари, а екипата од ШС „Караџица“ целосно се повлече,
Пожар е активен и под Преслап на Китка кон сеслата Црвена Вода и над селото Цветово, од местото викано Празни Торба кон селата Елово и Црн Врв.
Од противпожарната единица од Св. Николе е добиено извествање дека во 11.30 часот има повторно зачадување кај Богословски рид. Утврдено е дека поради силниот ветер во внатрешноста на големата опожарена површина чади од недогорените дрвја и нема опасност од повторно активирање.
Во атарот на село Светомитрани запалено е ѓубре и пожарот е проширен локално. На лице место интервенира екипа на ТППЕ Крушево со едно пртивпожарно возило и двајца пожарникари, еден припадник на МВР и еден вработен во ЈП,,Липа“. Пожарот е локализиран, но екипата останува на терен да ја контролира состојбата.
Во Прилепско има 2 активни пожари на отворен простор. Првиот е во атарот на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума. Пожарот е локализиран ,но екипите се сеуште на терен.
Втриот пожар е кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп- Градско, кој е реактивиран во 10:10 часот. Таму гори дабова и букова шума и сува трева и огнотс се движи кон атарот на село Крстец.
Помал пожар избувна и во атарот на село Романовце, каде е опожарена сува трева, но огнот е локализиран.