Се очекува заедничкиот состанок на владите на Косово и на Македонија наскоро да се одржи. Од двете влади се очекува да потпишат 15 договори во областа на правдата, безбедноста, здравството и економијата, пренесува Газета Експрес.
Косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, го потврди ова во изјавата за весникот Epoka e Re велејќи дека состанокот на двете влади ќе се одржи наскоро. Политичките коментатори Блерим Река и Имер Мушколај го поздравија одржувањето на овој заеднички состанок, но побараа постигнатиот договор да се спроведе.
Според нив, треба да се преземат конкретни чекори со цел да се подобри секојдневниот живот на граѓаните кои живеат на двете страни на границата.