Жителите на нордиските земји можат да се пофалат со највисоките пензии, додека, очекувано, тие се најниски на Балканот.
Во 2021 година, просечниот месечен бруто-трошок за старосна пензија во ЕУ варира, од дури 2.575 евра во Луксембург до 226 евра во Бугарија. Според податоците преземени од Еуростат, просекот на Европската унија бил 1.224 евра.
Пензионерите во Луксембург (2.575 евра) и Данска (2.417 евра) имаат највисоки просечни старосни пензии во Европската Унија. Просечната старосна пензија во Исланд е 2.762 евра, Швајцарија 2.138, Австрија 1.962, Ирска 1.906, Италија 1.561, Германија 1.440, Словенија 692, Полска 538 и Унгарија 398 евра.
Најниска е во Бугарија со 383 евра. Според податоците преземени од Еуростат, просекот на Европската Унија бил 1.224 евра.
Хрватска е на дното на рангирањето, односно на 28 место од 36 земји – со 580 евра. Албанија има најниски просечни старосни пензии кои изнесуваат околу 150 евра.
Просечната пензија во Федерацијата БиХ е 319 евра, а во Република Српска 303,07 евра. Во БиХ износот на просечната пензија е околу 311 евра, што е речиси четири пати помалку од просекот на земјите од Европската Унија.
Просечната пензија во Србија моментално е 45.739 динари или нешто помалку од 400 евра (едно евро чини 119 динари). Просечната пензија во Црна Гора е 488 евра, пишува Вечерњи лист БиХ.
Во Македонија просечната пензија е нешто над 21 000 денари или околу 350 евра, со тоа што 110 000 пензионери земаат околу 13 000 денари пензија.