Македонската репрезентација одигра 1-1 против Англија на полниот Градски стадион. Стрелци беа Барди од пенал и Хари Кејн.

Мора да се признае дека Англичаните не запнаа како што знаат и затоа на моменти изгледаше дека Македонија е рамноправна. Селекторот Саутгеј во второто полувреме ги стави Кејн и Рашворд и тогаш нападот на гостите се разигра.

За пофалба е триест илјадната публика која создаде прекрасна атмосфера. Ова е последен меч за нашата репрезентација оваа година.