Македонија одигра само нерешено со молдавија на денешниот пријателски натпревар.
Откако нашите фудбалери имаа водство скоро 80 минути со погодокот на Бојан Миовски, Молдавците успеаја да израмнат на 1-1 во преку Дамаскан во 83. минута.
Молдавецот постигна неверојатен еврогол со „ножички“.
По мечот Миовски истакна дека резултатот на крајот е реален.
Добро го започнавме првото полувреме. Мислам дека теренот не ни дозволи да направиме и повеќе шанси. Второто полувреме ги изгубивме дуелите на втора топка и затоа Молдавија искористи шанса и постигна гол. Мислам дека резултатот е реален. Имавме шанси да го затвориме мечот со втор гол околу 60 минута. Примивме еден одличен гол, но што е тукае. Продолжуваме со пријателски мечеви да се воигруваме, па в понеделник не очекува Црна Гора, изјави стрелецот на голот за нашата репрезентација.