Македонија се најде во групата 1 во која како изразит фаворит се издвојува Словенија, но Македонија ќе биде главен фаворит за освојување на второто место бидејќи останати двајца ривали се Литванија и Естонија.

Европското првенство 2026 година, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Србија, пак, ќе игра во група со Летонија, Италија и Шпанија, но ова не е првата група во која беше извлечена Србија. Имено, мораше да се повтори еден дел од ждрепката, што предизвика смеа кај сите собрани во салата. Ждрепката прво ја спои Србија со група во која беа Косово и Украина.

Според правилата, беше утврдено дека Србија и Косово не можат да играат меѓу себе, па ждрепката беше повторена. На видеото подолу можете да ја погледнете ситуацијата од 33:30 часот.