Македонската ракометна репрезентација попладнево ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Нашиот национален тим доби противници по мерка и има можност да ја продолжи серијата настапи на големите натпреварувања. Македонија ќе игра со Естонија, Литванија и Словенија, ривали со кои може да се надева на (нај)висок пласман.

„Задоволен сум од ждрепката, мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на следното Европско првенство. Не смееме во ниту еден случај да ги потцениме селекциите на Естонија и на Литванија, додека со Словенците ќе пробаме да извојуваме барем една победа. Знаеме дека се работи за квалитетен национален тим кој што успеа да обезбеди олимписка виза за Париз 2024 година“, изјави Лазаров.

Македонија досега има осум учества на европските шампионати, а во моментов е во серија од седум настапи, почнувајќи од 2012 година. Играше и на континенталниот шампион што се одржа во јануари годинава во Германија и го освои 17. место.

. Во квалификациите ќе учестуваат 32 репрезентации, а 20 репрезентации ќе обезбедат учество на завршниот турнир.

Група 1:
Словенија, Македонија, Литванија, Естонија

Група 2:
Унгарија, Црна Гора, Словачка, Финска

Група 3:
Исланд, Грција, БиХ, Грузија

Група 4:
Шпанија, Србија, Италија, Летонија

Група 5:
Хрватска, Чешка, Белгија, Луксембург

Група 6:
Холандија, Фарски Острови, Украина, Косово

Група 7:
Германија, Австрија, Швајцарија, Турција

Група 8:
Португалија, Полска, Романија, Израел

Двете најдобри селекции од секоја група и четири третопласирани ќе се квалификуваат на завршниот турнир. Квалификациите за место на овој собир ќе започнат на 4 ноември оваа година, а ќе траат до 11 мај 2025 година.