Фудбалската репрезентација на Македонија ќе падне за две позиции на новото ФИФА рангирање.

Во претходната седмица македонските фудбалери ремизираа на гостувањето кај Босна и Херцеговина (0-0), со што заработија минимални 0,07 поени на ранкингот. Сепак, по високиот пораз од Турците загубија 2,95 поени.

Со тоа, нашата репрезентација дојде до 1.369,16 поени и сега е рангирана на 69. позиција на ранкингот.

Пред Мундијалот на врвот на светското рангирање скокна бранителот на тронот Аргентина која напредуваше две позиции. Второпласирана остана Шпанија, а пад од две места забележа Франција.

Во топ десет се уште Англија , Португалија, Бразил, Мароко, Холандија Белгија и Германија.