Се укина забраната за тешки товарни возила на патниот правец Битола- Ресен преку планински премин Ѓавато, соопштија од ЈП Македонијапат.

Од претпријатието посочија дека забраната за тешки товарни возила е укината во 13.45 часот.

Исто така укината е и забраната за камиони на патот Гостивар – Кичево преку планински премин Стража. Таму забраната е укината во 14.15 часот.