Освен поранешниот разузнавач Зоран Верушевски отштета добила и неговата сопруга Соња.

Како што објави „360 степени“, таа од буџетот на Македонија, кој го полнат граѓаните, била обесштетена со 17.000 евра за 175-те дена што ги минала без нејзиниот сопруг Зоран, кој одлежа во притвор за случајот „Пуч“.

Брачниот пар Соња и Зоран Верушевски вкупно од државата добија 59.000 евра отштета за деновите поминати во притвор.

Верушевски беше уапсен во врска со аферата „бомби“, кои тогашниот опозиционер Зоран Заев ги објавуваше против поранешниот премиер Никола Груевски. На почетокот Заев изјавуваше дека воопшто не се познава со Верушевски, се додека не беше разоткриена таа спрега.