Ракометната репрезентација на Македонија си ја заврши задачата и убедливо славеше на гостувањето кај Словачка со (31-24) во рамки на првиот дуел од баражите за (СП) кое во 2027 година ќе се игра во Германија.
Со овој убедлив триумф, екипата на Лазаров е со едната нога на уште еден ракометен Мундијал, десетти во низа за нашиот национален тим.
Најдобар стрелец во нашиот табор беше Филип Кузмановски со десет гола, пред Милан Лазаревски со седум гола, додека кај Словачка, Бриатка и Махач погодија по четири пати.
Кај Македонија, голманот Мартин Томовски бранеше кога беше потребно, заврши со девет интервенции.
Реваншот меѓу Македонија и Словачка се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во недела од 19 часот.




