Со Филипче на чело на Министерство за здравство гробиштата се полни, а парковите празни. Власта потфрли на секое поле.
Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со големиот број на починати и заразени од коронавирусот.
-За два дена имаме 100 починати од КОВИД-19. Секој час умираат по двајца наши сограѓани. Македонија пати како да е во војна, а Заев и Филипче се однесуваат расипнички, возат мотори и летаат со хеликоптери на државна сметка. Парковите се празни. Народот е уплашен. Власта потфрли и не успеа да набави вакцини, но затоа гробиштата секој ден се полнат. Сите починати од 1 јануари до денес одат на совеста на Заев и Филипче, кои не набавија вакцини. Пандемијата спласнува во земјите каде вакцинацијата е во напредна фаза, а кај нас секој ден е нов пик, а вакцини нема. Имаме повеќе вакцини од донации, отколки купени. Македонија со Заев и Филипче страда, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.