Владејачкиот СДСМ и денеска објавува соопштение во кое „виновникот за тоа што и се случува на власта во Република Македонија со коронавирусот е опозицијата“. Македонија станува единствена земја во светов во која за се што (не) прави власта виновна е опозицијата, а во случајов за состојбата со Ковид-19, големиот број на заразени и починати од вирусот.

Го пренесуваме соопштението за јавност  од СДСМ што е реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со Ковид-19 во Македонија:

Од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага, ја поткопува борбата против пандемијата со што работи на директна штета на здравјето на граѓаните.

Дури велеа дека пандемијата не постои, дека е тоа алиби за одлагање на изборите.

Цело време ширеа невистини. Христијан Мицкоски лажеше дека нема тестови, дека нема заштитна опрема за здравстените работници додека кршеше мерки, шеташе по кафани, фитнес сали.

Неговиот Вело Марковски дури велеше дека вирусот не постои, дека маските се непотребни, дека треба да се стекне колективен имунитет.

Еве и вчера, истиот Вело Марковски продолжува, сега отвара им сомнеж во процесот на вакцинација.

Нивната министерка во техничката Влада, Кочовска, го кочеше процесот за изградба на 16 модуларни билници ширум државата.

Е тоа е ВМРО ДПМНЕ. Не грижи за јавното здравје, за напорната работа на здравствените работници, за сите кои се на првата линија против Ковид 19.

Ако ВМРО ДПМНЕ мисли дека со седење на страна, со поткопување на здравствениот систем ќе профитира врз грбот на заболените и починатите, тоа ја покажува само нивната морбидност и нечовечност.

Центар за односи со јавноста на СДСМ